Собранието со 62 гласа „за“ и 17 „против“ го именува Арменд Арслани за нов заменик-министер за здравство.
Арслани беше предложен од премиерот Зоран Заев.
Кој е Арслани?
Арслани е кадар на владејачката ДУИ.
Тој е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, кој претходно работел како доктор по општа медицина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга, стои во неговата кратка биографија доставена до Собранието.
Од 2018 е член на Управниот одбор на специјализираната болница по Урологија во Струга.
Завршил Медицински факултет, а е роден во Струга
Арслани дојде на место на Асим Муса, кој поднесе оставка, откако во јавноста беше објавено видео како бара мито.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.