Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои за вчерашното писмо.
Истакна дека не е точно дека имале закани и дека примиле пари.
– Ништо не е ветувано за случајот 27 април и затоа не сакам да давам никакви информации. Доаѓаме тука да докажеме дека сме невини, изјави Арнаудов.
Тој додаде дека нема да се меша во судските одлуки.
– Верувам во судот и тоа што ќе го донесе како одлука ќе го почитуваме и ќе ги користиме сите правни лекови, потенцира Арнаудов, кој посочи дека го обезбедува полицијата по службена должност.
Пред почетокот на денешното рочиште Богдан Илиевски прашан дали се чувствува предаден, посочи само „сите ние сме браќа“.
Во судот пристигнаа сите обвинети во случајот 27 април. На денешното рочиште предвидено е во судницата да се прегледуваат видеоснимките од собраниските камери направени на 27 април.
Денешното рочиште ќе биде прво по пуштањето од домашен притвор на тројцата поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и нивното гласање за уставните измени во петокот во Собранието.
За случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
МИА/Фото: Собрание
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеќир Рачмиловиќ: Гласав „за„, за да Македонија излезе од криза
Нола Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав „за“ и не сум загржина за својата безбедност
Сашо Василевски: Гласав „за“ со чиста мисла и храброст