Аутомакедонија АД Скопје во периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година оствари нето добивка во износ од 15,3 милиони денари, што е пораст од 16% во однос на 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.
-Истата е резултат на оперативното работење како резултат на зголемен бруто профит за 7% во однос на 2021 и приходи од вложувања зголемени за 67%.
Оперативните трошоци се зголемени за 30%, како резултат на зголемените трошоци за електрична енергија, платите за вработените зголемени за 2%, додека пак трошоците за амортизација се намалени за 10% во однос на 2021, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аутомакедонија со зголемена добивка во првите шест месеци
Дирекција за заштита и спасување склучи договор со Аутомакедонија вреден 691,4 илјади евра
Членот на Управниот одбор, Ивановски, купи акции во Аутомакедонија