еМагазин
Image default
Локално

Јавен повик за пријавување штети од земјотресот во Ресен

Општина Ресен денеска распиша јавен повик за пријавување штети од земјотресите што вчера и завчера го зафатија Преспанскиот регион.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9 до 15 часот, од утре до 27 јануари годинава.

– Општина Ресен ги повикува граѓаните, кои претрпеле материјални штети на објекти од земјотресите, што го зафатија подрачјето на Општината на 9 и 10 јануари годинава, да поднесат барање за проценка на штета во просториите на Општина Ресен, се вели во повикот.

Барањето за пријавување штета граѓаните може да го добијат во Општина Ресен или на веб страницата www.resen.gov.mk.

Покрај барањето, лицата кои претрпеле штета од земјотресот потребно е да достават и фотокопии од имотен лист, трансакциска сметка и од лична карта со изјава за користење на личните податоци.

– Врз основа на доставените барања, Комисијата од Општина Ресен, ќе изврши проценка на настанатите штети на терен по што ќе биде соодветно постапено, стои во јавниот повик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смок од речиси два метра влегол во бањата на кривопаланчанец

Редакција

Во скопската Зоолошка почина сибирската тигрица Надја, која беше еден од најстарите тигри во Европа

Редакција

Струмичанец со секира „реновирал“ кафе бар

Редакција