Слободен печат објави дека странците од видеото што вчера предизвика лавина од негативни коментари и осуда на социјалните мрежи се преставници на невладината организација при Обединетите Нации (ОН), Heavenly Culture World Peace Restoration of Light и биле од Јужна Кореја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачка содржина) Видео со навреди за Азијати во Скопје ги загреа социјалните мрежи
Шилегов за навредата на Азијатите: Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент
Да биде иронијата поголема, тие држеле работилница со деца од основно училиште во Свети Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување, во паралелки од прво и второ одделение, пишува Слободен печат.
Странците беа брутално вербално нападнати и снимани од лице, кое со погрдни инсинуации и ксенофобични испади ги бркаше од земјава нарекувајќи ги корона.
Фото: Слободен печат/ООУ “Кирил и Методиј“ Свети Николе