еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Белгиски универзитет објави откритие за спречување на метастазирање на ракот

Универзитет во Лувен, Белгија, открил начин на кој се отвора можност за стопирање на метастазите кај болните од рак, јави дописничката на МИА од Брисел.

Истражувачката екипа на професорот Пјер Сонво во белгискиот универзитет Лувен објаснува за што станува збор: откривање на еден вид сензор кој испраќа сигнал до клетките со тумор, кај ракот на дојка, дека треба да сопрат во мозокот, што им овозможува да развијат метастази во мозокот. Со ова откритие, ако се отстрани тој сензор, клетките нема да застанат во мозок и таму да развијат метастази, се вели во соопштението на истражувачкиот тим.

Всушност универзитетот успеал да го разбере системот на заболените клетки во организмот кога напаѓаат одреден орган и создаваат метастази.

Како што објаснува професорот за медиумите во Белгија, тие тргнале од теоријата дека секоја клетка заболена од рак е “подесена“ на начин да нападне одреден орган. Некои органи пак никогаш не се инфицираат од рак како на пример прстите од нозете.

Поаѓајќи од модел на човечки рак на дојка кај глушец, тимот успеал да идентификува протеин кој врши улога на сензор за заболената клетка и ја води кон создавање метастази во органот каде што добил “наредба“ да “застане“, во овој случај мозокот. Протеинот се нарекува Кокс7б.

Ако се отстрани протеинот, клетка не застанува во тој орган и метастазите не се развиваат.

Сега истражувачката екипа се надева дека ова откритие ќе помогне и за други видови ракови и други органи на крајна дестинација освен мозокот.

Потенцијалот на ова откритие е да се спречат метастазите во иднина и со тоа да се зголемат шансите за победа врз ракот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали од новиот протокол за казината: Рулет и блек џек „под маски“ со најмногу три играчи

Редакција

Нови 183 случаи со Ковид-19 од 1.769 тестирања: Најмногу во Скопје, Прилеп и Тетово

Редакција

Затворена групата „Јавна соба“ на Телеграм

Редакција