еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар

За еден денар од полноќ поскапуваат нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според најновата одлука на РКЕ, во следните седум дена цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, еуросупер БС-98 ќе се продава по 62,50 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 52 ден/лит.

Поскапо за еден денар ќе биде и екстра лесното масло за домаќинство. Неговата нова цена ќе биде 41 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,510 ден/кг во однос на претходно утврдената цена со што тој ќе се продава по 25,396 ден/кг.

Зголемувањето се должи на поскапувањето  на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје оствари добивка од 17,2 милиони евра

Редакција

Зголемените царини од Косово предизвикаа штета од околу 180.000 евра

Редакција

Аутомакедонија во првиот квартал со зголемена добивка

Редакција