Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ поевтинуваат за 2 денара по литар, а малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.
Нова цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 81 за литар, а Еуросупер БС – 98 ќе чини 83,50 денари.
Литар Еуродизел БС (Д-Е V) и натаму ќе се продава за 84,50 денари, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 81,50 денари, а килограм Мазут М-1 НС за 42,171 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.