еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар. Цената на Еуродизел (Д-Е V) и понатаму останува 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,585 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,369 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,802 отсто, кај дизелот за 0,608, кај екстра лесното масло за 4,605 и кај мазутот за околу 3,13 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за околу 0,507 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарите вознемирени, комората бара расветлување на случајот со убиството на докторот во Железара

Редакција

Северина приведена на границата со Србија, Дачиќ откри зошто

Редакција

„Дијаг“ го доби тендерот на Владата за набавка на благодарници за здравствените работници вреден 100.000 евра

Редакција