еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат од половина до еден денар, а дизелот за 1,5 денари

Малопродажните цени на евродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари и од вечер на полноќ ќе изнесуваат 54,50 денари за литар, односно 43,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за еден денар и од вечер на полноќ ќе изнесува 63,50 денари за литар. „Еуросупер БС-98“ се зголемува за половина денар и неговата цена ќе изнесува 65 денари за литар.

Од РКЕ наведуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 3,874 отсто, дизелот за 5,606 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Македонски телеком не кажуваат како ја одредиле сумата од 15 денари провизија за плаќање сметка и дали истата ќе расте во иднина

Редакција

А1 Македонија има повеќе претплатници со пристап до интернет преку мобилна мрежа, Македонски телеком во фиксната телефонија

Редакција

Просечната нето-плата во мај 31.407 денари

Редакција