еМагазин
Image default
Локално

Отсечени повеќе села во Крива Паланка поради снег

Селата од повисоките места во Кривопаланечко, Нерав, Огут, Метежево, Дренак, Борово и Мождивњак се отсечени поради високата снежна покривка која наместа изнесува и над четирите сантиметри.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во тек е расчистување на регионалниот пат село Луле – Крстов Дол, каде работат екипи на јавното претпријатие “Македонија пат”, а се чека на механизација за расчистување на регионалниот пат Општина Ранковце село Герман.

Целосно се отсечени селата до кои води земјен пат,а тоа се локалните патни правци Дурачка Река -село Дренак и село Мождивњак-Борово.

Оттаму посочуваат дека по расчистување на регионалниот пат кон селото Огут и кон Дубровница, каде механизација е на терен, ќе бидат проодни патиштата кон: Габар, Метежево, а патот кон селото Нерав кој е локален, ќе продолжат да го расчистуваат локалните власти.

Според информациите од терен тешко проодни се и патните правци кон селата Узем, Жидилово, Мождивњак, Кркља и Црцорија, каде снежната покривка е над триесет сантиметри.

На овие правци се движат отежнато само теренски возила.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна 15-годишно девојче од Аеродром

Редакција

Бугарски државјанин прегази човек кај Ново Село кој починал на лице место

Редакција

18-годишник со украдено возило прегази малолетничка, која почина

Редакција