Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на Еуродизел (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 е 111,50 денари, на Еуросупер БС – 98 е 113,50, а на Еуродизел БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.
За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари.
Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе с епродава за 56,317 денари.
Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049%.