еМагазин
Image default
Локално

Беровските средношколци ќе учат од интерактивни табли кои ги заменуваат кредите и зелените табли

ОСУ „Ацо Русковски” во Берово е насочено кон модернизирање и унапредување на образовниот процес. За таа цел, набавени се две интерактивни табли и два проектори, за поедноставно и брзо учење, информираат од Општина Берово.

„Наместо класичните креди и сунѓери се внесува уред, кој личи на табла, но е поврзан со компјутер, и на тој начин полесно и побрзо, учениците ќе учат и ќе ги користат сите содржини од материјата која им е потребна.

Интерактивната табла ја поттикнува иновативноста, нуди поддршка во обуки и тренинзи и создавање нови вештини. Преку нив се подобрува интерактивноста и се поттикнува вниманието кај учениците.

Преку овие табли, учениците ќе имаат можност поблиску и визуелно да следат настава и да прават истражувања, а на професорите ќе им биде овозможена лесна презентација на дигиталните соджини.

Интернетот, модернизацијата на техниката, ќе им овозможи на беровските средношколци, многу поинтересена настава и интерактивно учење“, велат од Општината.

Фото: Општина Берово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Тетово: Шестгодишно девојче почина по удар од „голф“

Редакција

Два пожари активни, еден е под контрола, информираат од ЦУК

Редакција

Се тепале петорица на двајца пред клуб во Градскиот парк

Редакција