еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Бесплатни вакцини за грип за новинари и медиумски работници

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) информира дека во соработка со Министерството за здравство обезбедени се бесплатни вакцини за сезонски грип за новинарите и медиумските работници постари од 50 години и за оние со хронична болест со шифра на болест со кои беше донесена одлука од Владата за нивно ослободување од работа со цел заштита од Ковид-19.

„Ве информираме дека според насоките од Министерството за здравство доколку некои од лицата кои го исполнуваат условот за вакцинирањето го прележале корона вирусот, a излегле од изолација пред помалку од еден месец НЕ СМЕАТ да се вакцинираат.

Ве молиме доколку има заинтересирани за вакцинирање од вашата медиумска компанија да ни доставите список на истите со наведување на име и презиме, година на раѓање и шифра на болест за ослободување од работа за хронично болните и да ни го доставите најдоцна до вторник (17 ноември) на електронската адреса на членот на ИО на ССНМ, Тамара Грнчароска [email protected],“ информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекот за цистична фиброза „трикафта“ пристигна на Клиниката за детски болести, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

Редакција

„Фајненшл Тајмс“: На Северна Македонија и е неопходен попис на населението

Редакција

Починатото бебе од Прилеп имало бактерија Ешерихија коли во дишните патишта

Редакција