еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Бигорски манастир нема да прима верници, објави распоред на богослужбите кои ќе бидат пренесувани онлајн во живо

Бигорски манастир објави распоред на богослужбите кои ќе бидат пренесувани во живо, кој можете да го видите ОВДЕ.

Во Велигденското интервју за „Битолски весник“, Архимандрит Партениј изјави дека со цел да им се овозможи на верниците, барем на некаков начин да се придружат на нивните молитви, во изминатиов период вршеа директен пренос на дел од богослужбите, особено на оние позначајните, преку официјални профили на социјалните мрежи.

„Се радувам и Му благодарам на Бога што преносите имаа голема гледаност и многубројни души беа еднодушно слеани во заедничка молитва,“ вели тој.

Тој додава дека манастирското секојдневие останало непроменето, со исклучок на тоа што периодов го немале вообичаениот интензитет на посетители.

„Тоа значи дека без разлика на отсуството на големиот број верници, богослужбениот живот се одвива непречено. Како игумен, јас им благословив на браќата и сестрите да се молат дури и повеќе, бидејќи молитвите во едно вакво време се насушни за сите. Згора на тоа, најголемиот дел од верниците сега не се во можност да присуствуваат на богослужбите, а нам, на монасите, коишто живееме во Божјите светилишта, основна должност ни е молитвата за сите,“ додаде тој.

Архимандрит Партениј исто така информираше дека манастирите под Бигорската обител нема да примаат верници.

„Пред неколку дена, Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија, по угледот на останатите помесни православни Цркви, донесе решение во кое, меѓу другото, се вели дека: „ја истакнува потребата од продолжување на вонредната мерка за јавните собири, која прецизно го ограничува движењето и групирањето на луѓето, а која ќе важи како за овие денови, така и за периодот на претстојните Велигденски празници“.

Потчинувајќи се на одлуката на нашето врховно Црковно тело, како и на мерките на државните и здравствените власти, нашите манастири ќе ги извршуваат сите богослуженија, но практично нема да бидат во можност да примаат верници,“ додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отец Пимен: Немате слушнато дека може да се причестуваме без пост и кога ќе спласне пикот на короната?

Црквите ќе бидат отворени за Велигден, причестување може и во домашни услови

Попусто полициски час ако верниците ги преплават црквите пред Велигден

МПЦ повторно повика Воскресението Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството

Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство ќе ги искористи снимките од безбедносните камери, за да открие кој го опожари клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

Лога прв министер за правда кој се заинтересира за правата на Македоците во Бугарија

Редакција

Агенцијата за стоковни резерви купи пченица од “Млин Аргулица“ за 2,1 милиони евра

Редакција