Професорката на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) – Скопје и проректор за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Биљана Ангелова денеска е избрана за нов ректор на УКИМ, соопшти Универзитетската изборна комисија (УИК).
– Според доставените резултати од страна на изборните комисии од спроведеното непосредно и тајно гласање на единиците во составот на при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, за ректор на УКИМ во мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година е избрана проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт, се наведува во Одлуката на УИК.
Втор е Димитар Ташковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), следи Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, Христина Спасевска од ФЕИТ, Атанас Кочов од Машинскиот факултет и Ратко Дуев од Филозофскиот факултет.
Ангелова ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата.
Фото: Ангелова/УКИМ