Градскиот автобуски превоз во Тетово ќе чини 20 денари, а ќе има пет категории на месечни и годишни билети, најави претседателот на Советот на општината Беким Мемети.
За цените и другите параметри на превозот треба да се одлучи на седницата закажана за 28 јануари, откако на 17 јануари општината инфомираше и ги промовираше петте набавени автобуси.
„Билет за едно возење ќе чини 20 денари. Во категорија А, билетот за сите граѓани месечно ќе чини 900 денари, а годишно 9000. Категорија Б е за студенти (350 месечно/3500 годишно), категорија Ц е за пензионери и луѓе над 62 години (350/3500ден.)
Категорија Д е за вработени во општина Тетово (450/4500) и категорија Е лица со над 80 отсто попреченост за кои ќе има бесплатен превоз“, пишува Мемети на профилот на „Фејсбук“.
Директорот на јавното претријатие „Тетово транспорт“, Фејсал Беадини информира дека ценовникот е пратен на усвојување до Советот на општина Тетово и се чека на негово одобрување согласно законските одредби.
Планирани се три рути за одвивање на јавниот транспорт низ градот. Првата рута е од автобуската станица на улица „Борис Кидрич“ до Универзитетот на Југоисточна Европа. Втората рута исто од „Борис Кидрич“, преку „Иво Лола Рибар“, и повеќе други улици во северозападниот дел од градот и завршува на почетната станица.
Третата рута оди почнува од улица „Борис Кидрич“, па преку булевар „Видое Смилевски – Бато“, ќе се поминува низ сообраќајните во источниот и јужниот дел од градот.
За набавка на автобусите општината зеде кредит од Светска банка во висина од еден милион и 200 илјади евра. До 90-тите години, во Тетово јавен превоз извршуваше сообраќајното претријатие „Полет“ за кое беше започната стечајна постапка.
МИА/Фото: Мемети/Фејсбук
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Тетово, еден од најголемите градови во Македонија конечно ќе има јавен автобуски превоз