еМагазин
Бизнис

БИМ АД Свети Николе оствари добивка од 50,2 милиони денари

Во периодот од 01.01.2018 год. до 31.12.2018 година БИМ АД Свети Николе оствари нето добивка од 50.206.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварените приходи од продажба изнесуваат 536.988.000 денари и тие се за 46 % поголеми во споредба со приходите од продажба остварени во 2017 година кога изнесуваа 367.960 илјади денари.

По структурата на застапеност во вкупните приходи приходите од домашен пазар учествуваат со 74,74 %, додека од странскиот пазар со 25,26 %.

Оперативните расходите за периодот од 01.01.2018 год. до 31.12.2018 година изнесуваат 497.855.000 денари и се поголеми за 49 % во однос на истите од 2017 година, кога изнесуваа 334.360.000 денари. Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 421.313.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По новите мерки прометот на угостителите паднал за 30%

Редакција

Селаудин Арифи, сватот на Ахмети и официјално го презеде „Жито Караорман“

Редакција

МАПАС: Рокот за поднесување изјава за членовите со бенифициран стаж истекува на 30 ноември

Редакција