Педесет и осум годишен жител на струшкото село Драслајца доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, го оштетил Буџетот на Завод за нефрологија над 342 илјади денари.
– Р.Л., во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што го оштетил буџетот на болницата стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.