еМагазин
Image default
Македонија

Богдановски од ДОМ поднесе оставка, СДСМ со пратеник плус во Собранието

Пратеникот од ДОМ, Мирослав Богдановски, поднесе оставка. Според листата во Собранието, пратеник сега станува Даниела Николова од СДСМ. Со тоа, владејачката партија ќе има еден пратеник повеќе во Парламентот.

Иако оставката на Богдановски е констатирана и во Собранието и од страна на Државната изборна комисија, тој не ја образложи пред пратениците на денешната седница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери откако за ова ги информира пратениците, само констатира дека престанува мандатот на Богдановски.

Пратеникот Мирослав Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функција на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР организираше враќање на 69 македонски граѓани: 42 од Словенија и 27 од Турција

Редакција

Утврден составот на новата Актикорупциска комисија, Билјана Ивановска предложена за претседателка

Редакција

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управители во Европска очна болница

Редакција