еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 осомничен за перење пари: Со 1,5 милиони евра кои ги зел како мито, си купувал скапа облека и плаќал одмори

Обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Рускоска од Јавното обвинителство денеска на прес-конференција објаснија зошто се уапсени Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски-Кичеец и истовреме побараа притвор за нив.

Рускоска рече дека првоосомничениот Јовановски зел 1,5 милиoни евра од лице под истрага, за да му ја олесни положбата преку влијание кое го имал кај јавен обвинител.

Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание.

Рускоска истакна дека од лицето под истрага биле побарани 8 милиони евра за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

Рускоска објасни дека за првоосомничениот се води истрага и за перење пари, затоа што претходно примените пари од сведокот ги пуштил во оптек како легално стекнати пари и купувал облека и плаќал одмори иако тоа ги надминува неговите приходи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Биле користени и ПИ-мерки: За Боки 13 и Зоран Кичеец се водела предистражна постапка од 2 мај

„Боки го уапсиле, Катица оставка, Заев вика на лидерска, Кочан не сака у затвор… “: Твитер „поцрвене“

Уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец

Фото: Фејсбук/Боки13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

83% од новите случаи и 89% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Редакција

Викендов дожд, од понеделник и снег

Редакција

Која е партијата „Десна“ чиј претседател е Палевски, а членови дел од осомничените за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Редакција