еМагазин
Image default
Бизнис

Болеста Син јазик откриена кај 12 грла овци во две одгледувалишта во Македонски брод и Кичево

Болеста Син јазик е откриена кај 12 грла овци во две одгледувалишта во село Грешница, општина Македонски Брод и во едно одгледувалиште во село Свињиште во Кичево, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

На сточарите на кои ќе им бидат одземени животните кај кои ќе биде потврдено присуство на болеста ќе бидат обесштетени.

-По пријава од надлежно ветеринарно друштво на 8 јули, за сомнеж на болеста Син јазик кај овци и кози на територија на општините Македонски Брод и Кичево, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе епидемиолошко испитување во овие региони.

Земени се примероци од сомнителните животни и по извршените лабораториски испитувања спроведени од страна на Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди појавата на болеста Син јазик кај 12 грла овци во две одгледувалишта во село Грешница (општина Македонски Брод) и во едно одгледувалиште во село Свињиште (општина Кичево).

За да се спречи ширење на болеста, АХВ донесе решение за спроведување мерки на одгледувалиштата каде е потврдено присуство на болеста, велат од АХВ.

Оттаму информираат дека на сточарите на кои ќе им бидат одземени животните кај кои ќе биде потврдено присуство на болеста ќе бидат обесштетени. Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе бидат присутни на терен и ќе ја следат состојбата со болеста во овие региони.

-Стручните служби на АХВ ветеринарство ја пријавија болеста во Системот за нотификација на болестите кај животните на Европската унија (ADNS) и во WAHIS системот на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, соопштуваат од АХВ.

Болеста син јазик не е зооноза односно таа не се пренесува и не е опасна за луѓето но, сепак, не треба да се консумира месо од заболено животно.

-Станува збор за вирусно заболување кај домашните и дивите преживари (овци, кози и говеда). Синиот јазик се пренесува единствено преку каснување од инсекти (мушички) од видот Culicoides, во периодот на нивна активност (април- ноември), особено во услови на висока температура и влажност. Болеста не се пренесува од животно на животно, преку контакт, објаснуваат од АХВ.

Во нашата земја, присуството на болеста е последен пат евидентиран во 2015 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

М.Г. Фешн стана акционер со над 5% во Македонијатурист, поседува 7,69% од акциите

Редакција

Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовно цунами, предупреди Бислимоски

Редакција

Викендов започнува ски-сезоната во сите ски-центри во Македонија

Редакција