еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борел го осуди нападот на Пендиков и изјавите на националистичките политичари

Високиот преставик за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел денеска го осуди инцидентот со нападот во Охрид, истакнувајќи дека се неприфатливи изјавите кои ги даваат некои националистички политичари.

Тој за време на денешната средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази уверување дека одговорните за инцидентот ќе бидат изведени пред правдата.

-Јас сум уверен од најавата на вашата власт дека одговорните ќе бидат изведени пред правдата. Но, истовремено слушаме и неприфатливи изјави кои ги даваат некои националистички политичари, кои поттикнуваат омраза и имплицираат насилство.

Тоа може само дополнително да ги зголеми тензиите и не придонесува за атмосфера која придонесува за добрососедски односи. Најсилно го осудувам секој повик за насилство, рече Борел.

Според Борел, од суштинско значење е заедничкото работење и создавање атмосфера на дијалог и взаемно почитување.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избеганиот Груевски доби адвокат од државата и за „Траекторија“, СЈО побара уште еден притвор за него

Редакција

Притисок врз Македонците во Бугарија, претседателот на ОМО Илинден, Кирјаков повикан во полиција

Редакција

Mastercard® бесконтактните картички на Еуростандард банка отсега со нов освежен дизајн и 3D secure технологија

Редакција