еМагазин
Image default
Балкан

Борисов и Меркел разговарале за обидите за приближување на македонските и бугарските позиции

Бугарскиот премиер Бојко Борисов оствари видео-конференциски состанок со германската канцеларка Ангела Меркел, на кој станало збор за обидите на Северна Македонија и Бугарија да ги приближат позициите во однос на недоразбирањата што настанаа изминатиот период, а во насока да се овозможи одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу земјава и Европската унија.

За разговорот со Меркел информираше Борисов на својот Фесбук-профил.

-Се заблагодарив за нејзината лична заложба и онаа на германското претседателство за барање формули за да се овозможи почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ.

Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство Советот на ЕУ ќе се донесат силни и правилни одлуки, напиша Борисов на Фејсбук.

Бугарските медиуми објавија дека половина ден по министерската средба во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел имала разговор преку онлајн врска со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу забелешките на Софија за отпочувањето на Меѓувладината конференција.

-Бугарија и јас сме благодарни за посветеноста на германското претседателство и вам лично за изнаоѓање формули што ќе ѝ овозможат на Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската унија, ѝ рекол Борисов на Меркел, јавува Бугарското национално радио.

Разговорот, како што е објавено, траел 40 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските барања засега не се вклучени во преговарачката рамка, се чека исходот од состанокот во Берлин

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција ќе ја пушти Шведска во НАТО ако САД овозможи продажба на авиони Ф-16 на Анкара, вели Ердоган

Редакција

(Видео) Зоран Милановиќ „хит“ на Балканот: Химна му пееше Јосипа Лисац, а тој заврши со стихови на ЕКВ

Редакција

Вучиќ најави дека ќе се повлече од лидерската позиција во владејачката СНС

Редакција