Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, одговори на прозивките во Бугарија во врска со изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дадена во интервју за 1ТВ пред една недела дека “Илинденското востание е македонско, а ако некој бугарски граѓанин сака да го чествува нека го чествува“.
Борисов вели дека Заев треба два пати да мисли пред да рече нешто, бидејќи, како што вели тој, доаѓа време кога земјите членки на ЕУ ќе одлучуваат за судбината на Македонија.
„Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, се оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме исто така да дадеме согласност, а ние во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен„, изјави Борисов.
Фото: Влада