еМагазин
Image default
Интервју

Бошко Стаменковски, светски шампион во „пауерлифтинг“: Гордо ја претставувам Македонија во светот, иако за возврат не добивам ништо

Бошко Стаменковски е светски и европски шампион во „пауерлифтинг“ дисциплината „бенч-прес“. Шампионскиот статус неодамна го потврди и со освоениот златен медал на В4 Светскиот куп во „паурелифтинг“ што се одржа од 21-23 април оваа година во Гер, Унгарија.

За овој 47-годишен спротист од Македонска Каменица, учеството и победите на најголемите натпреварувања во овој спорт се првенствено личнa сатисфакција, но и гордост затоа што на нив ја претставува и промовира својата земја.

„Сепак, добро би било кога и мојата држава би ме поддржала“, вели Стаменковски, во разговорот што го водевме по повод најновото злато освоено во Унгарија, објаснувајќи дека единствената финансиска поддршка што ја добива е од рудникот САСА и од агенцијата за обезбедување во која е вработен.

Од кога се занимавате со овој спорт и кои се вашите најголеми досегашни достигнувања?

– Со фитнес и бодибилдинг започнав да се занимавам во 2011-та година. На почетокот единствена цел ми беше да ги намалам вишокот килограми, но подоцна кога увидов дека вежбањето позитивно влијае на моето целокупно здравје, физичка кондиција и ми влева позитивна енергија, продолжив редовно и интензивно да се занимавам со овој спорт, вклопувајќи го целосно во моите секојдневни животни преокупации.

И како по правило, кога нешто навистина го сакате и го правите со љубов, тогаш доаѓаат и резултатите. Пред сѐ, благодарение на бодибилдингот се чувствувам здраво, што мислам дека е најголемо достигнување и најважна цел за секој човек.

Дополнително, овој спорт ми отвори можности да патувам, да запознавам многу прекрасни земји и луѓе и да стекнам многу нови познанства и пријателства. И трето, овој спрот ми донесе многу среќни моменти, благодарение на големиот број освоени први места, регионални, еврпски и светски шампионати и златни медали.

Секогаш ми е тешко да одберам кое од нив е моето најголемо досегашно достигнување, но сепак според некаков општоприфатлив критериум тоа би било поставувањето нов светски рекорд во „пауерлифтинг бенч-прес“ во катергоријата до 67,5 килограми, што го постигнав на светското првенство во Чешка во 2017-та година.

На овој успех му претходеше и првото место и светски рекорд во истата категорија што го поставив на светското првенство што се одржа во 2016-та година во Књажевац, Србија, како и првото место на евсропското првенство истата година во Финска.

Во 2015-та година освоив први места во категоријата „бенч-прес“ до 75 килограми на европското првенство во Исбурн, Англија и на светското првенство во Лас Вегас, САД.

Во рамки на регионот, во изминатите три години се натпреварував на 15 турнири и три Балкански првенства, на кои имам освено златни медали и поставено четири балкански рекорди во катероријата до 75 килограми.

Во нашата земја имам настапувано во бодиблидинг и тоа на куп натпреварите во 2014-та и 2015-та година каде освоив две први места, во категоријата ветерани и во категоријата до 70 килограми.  Моментално се подготвувам за Европското „пауерлифтинг“ превенство што ќе се одржи на 2-ри јуни во Франција, како и за светското првенство планирано за втората половина на годината, а чиј домаќин е Унгарија.

Колку оваа спротска дисциплина е позната и признаена во нашата земја? Постои ли воопшто некаков поширок интерес во нашата земја за ваков вид спорт?

– За жал, во Македонија интересот за професионален болдибилдинг, а собено за „пауерлифтингот“ како спортска дисциплина е навистина скромен. Во земјата не постои спортска федерација која би работела на популаризација на оваа дисциплина и би ги штитела и промовирала интересите на спортистите.

Сите оние што се занимаваат со овој спрот во земјава го прават тоа превенствено поради својот голем ентузијазам и посветеност.

Во земјава не постои професионален тренерски кадар за оваа дисциплина, а па затоа сите ние што се занимаваме со неа мораме да тренираме сами и да се консултираме со други врвни спортисти од земјава и странство.

За разлика од кај нас, во европски и светски рамки, па дури и во нашиот регион овој спорт исклучително се цени. Сите земји на Балканот имаат свои спортски федерации кои ги организираат настапите на нивните членови, што не е случај со нашата земја.

Еве јас, на пример, за да можам да настапувам на европкисте и светските шампионати се зачленив во Европската пауерлифтин GPC федерација каде и официјално ја претставувам Македонија.

Се разбира, исклучително сум горд на тоа што ја претставувам мојата земја и што успевам да го развеам нашето државно знаме на побединичкиот пиедестал, но сепак би било добро кога и мојата држава би ме поддржала, па макар и само со покривање на трошоците за патувањата и членството на европските и светските купови и шампионати.

Како ги обезбедувате неопходните финансии за да се занимавате со овој спорт?

– Најголемиот дел од финансиските средства кои ми овозможуваат да се занимавам со овој спорт ги обезбедувам од моите лични приходи. Но, морам да напоменам дека чувствувам голема благодарност кон рудникот САСА, кој во рамките на целокупната поддршка што ја обезбедува за финансирање на големи проекти во Македонска Каменица, одвои средства и за покривање на дел од моите трошоци.

Во овој дел, сакам посебно да ја напоменам поддршката од рудникот САСА со која беа набавени неопходната опрема која ми овозможи одлични услови за тренинг и подготовки за настап на натпреварите во текот на целата година, а која  можат да ја користат и останатите спортеки ентузијасти, што секако придонесува за популаризација и развој на овој спорт во нашиот град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одделете се од гужвата овие празници со стајлингот на Милена и РУМОР шоп

Редакција

Мукаетов: Алкалоид има континуиран раст во изминативе 20 години

Редакција

Поповиќ: Почитувајќи ги препораките за здравствена заштита, ја скративме рамката на фестивалските вечери на Охридско лето, но не и квалитетот на изведувачите

Редакција