Актерот Бранислав Лечиќ вчера во полиција дал изјава во присуство на јавен обвинител по повод тврдењето на актерката Даниела Штајнфелд дека ја силувал во 2012 година, пренесуваат српските медиуми.
Тој ги негирал обвинувањата и побарал да му се направи полиграфско тестирање. Имајќи предвид дека е единствен случај кој е осомничен за тешки обвинувања, а бара испитувања на детектор за лага, одредени полицајци биле изненадени.
Лечиќ наводно, според пишувањата на српски „Блиц“ одговорил на сите прашања и го поминал полиграфот.
Дури и на прашањето „Дали ја силувал актерката Даниела Штајнфелд“ одговорил со НЕ и со тоа прашање го поминал полографот.
„Мојата изјава е дадена таму каде што треба. Полографското испитување е извршено на мое инсистирање и сите информации за јавноста во врска со овој случај се во полиција и обвинителство,“ изјавил Лечиќ за Танјуг.
Обвинителство ќе продолжи со собирање на докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бранислав Лечиќ за обвинувањето за силување: „Гнасна лага која се обидува да ме дискредитира“
Актерката Даниела Штајнфелд го обвини Бранислав Лечиќ за силување
Фото: Урнак 1/К1