еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Брзото возење останува доминантна причина за сообраќајните незгоди со фатални последици, велат од РСБСП

Брзината е идентификувана како клучен фактор на ризик за безбедноста во патниот сообраќај, кој влијае и на ризикот од сообраќајни незгоди, како и на сериозноста на повредите кои се резултат на сообраќајни незгоди.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) велат дека брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.

– Науката и статистиката покажуваат дека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 50 км/ч е 26 метри, додека сопирачкиот пат на возило со брзина од 60 км/ч е 34 метри. Разликата од 10 км/ч е всушност разлика помеѓу живот и смрт.

Токму тоа беше и причината најголемата дозволена брзина во населено место во изминатите години да се намали од 60 км/ч на 50 км/ч. Брзината од 10 км на час над дозволената го зголемува растојанието на сопирање на возилото во просек за 10 метри, што може да биде фатално, особено во населени места, појаснуваат од РСБСП.

Затоа, според нив, е важно да се намали просечната брзина во населени места и на регионалните патишта со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот.

– Според резултати од странски истражувања, со намалување на просечната брзина за само 1 км на час, бројот на сообраќајни незгоди во населено место би се намалил за 4 проценти, а бројот на сообраќајни незгоди надвор од населено место би се намалил за 2 проценти.

Фактот дека побавното возење е побезбедено се потврдува и со фактот дека веројатноста за смртност на пешаците при удар на возило кое се движи со брзина од 50 км на час е 85 проценти, додека веројатноста пешак да загине при удар на возило кое се движи со брзина од 30 км на час е помалку од 10 проценти, нагласуваат од РСБСП.

Оттаму апелираат до возачите да бидат одговорни и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во 2020 година имало 55.444 казни по сите основи во сообраќајот, лани нивниот број пораснал на 240.871

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“

Редакција

За 14,8% зголемени цените на угостителските услуги

Редакција

(ВО ЖИВО) Демонстрантите за случајот „Монструм“ го нападнаа полицискиот кордон, неофицијално има повредени полицајци

Редакција