еМагазин
Image default
Македонија

Бубевски: Му честитам на Судот по однос на конфискацијата на имот на Кочан и Авировиќ

Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски рече дека е задоволен од пресудата во случајот „Труст“, со која на првообвинетиот Сеад Кочан му е изречна казна затвор од шест, а на второобвинетиот Василјие Авировиќ три години затвор.

Бубевски рече дека мерката притвор за Кочан не е задолжителна, бидејќи за него има дадено гаранција дека нема да се даде во бегство.

По изрекувањето на пресудата Бубевски рече дека е пријатно изненаден од одлуката на Судот да им се конфискува имотот на обвинетите во износ на вкупната сума за која се товарат.

– Му честитам на Судот по однос на конфискацијата, затоа што ова е првпат вака да се конфискува имот по бруто принцип. Ваквиот начин најверојатно ја прави најголемата превенција од идни вакви кривични дела. Се работи за принцип што го имаат сите поразвиени правни системи, рече Бубевски и додаде дека на овој начин се прави директен удар по економската добит на кривичното дело.

Во контекст на тоа појасни дека со бруто принцип на конфискација значи дека не се одбиваат трошоците кои се во врска со кривичното дело, туку целата сума на тендерот се конфискува.

– Значи околу 90 отсто од она што е износ на конфискација е привремено обезбедено со недвижнини и подвижни ствари на осудените, рече Бубевски.

На новинарско прашање во врска со ослободителниот дел од пресудата Бубевски рече дека Судот има своја правна аргументација, а СЈО имаше сопствена правна аргументација.

– Овде се работи за правно прашање. Кога ќе ги видиме аргументите во пресудата од страна на Судот ќе одлучиме по однос на тој дел, рече Бубевски и додаде дека се задоволни од осудителните пресуди.

На денешното судско рочиште првообвинетиот Сеад Кочан доби шест години затвор, второобвинетиот Василије Авировиќ доби три години затворска казна, а Сафет Ватиќ е ослободен од обвинение.

За овој предмет од ноември лани беа одржани над 20 рочишта.

МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без прифатлив предлог, штрајкот не може да прекине, велат од СОНК

Редакција

Во Македонија гласале само 461 етнички Бугари, најмногу гласови добиле Борисов и Каракачинов

Редакција

Обвинение за Силвана Бонева за лажни сметки за патни трошоци

Редакција