еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија ја отфрли преговарачката рамка, се чека напредок на билатерално ниво меѓу Скопје и Софија

Амбасадорскиот состанок на ЕУ денеска не донесе напредок во позициите на Бугарија за усвојување на преговарачката рамка со Северна Македонија, исходот ќе зависи од билатералните разговори помеѓу Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ништо не е сменето во бугарската позиција, е реакцијата на ЕУ дипломатите попладнево по завршувањето на разговорите на амбасадорско ниво во Брисел за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија.

Бугарскиот амбасадор при ЕУ ја изложил истата позиција за точките кои се неприфатливи за неговата земја и поради кои не може да даде зелено светло за усвојување на преговарачката рамка.

Останатите амбасадори не гледаат причина да се навратат на ова прашање на наредните состаноци сѐ додека не дојде до напредок на билатерално ниво помеѓу Северна Македонија и Бугарија, брифираат од Советот на ЕУ.

Контактите се интензивни, тврдат дипломатите во ЕУ, исто како и обидите за медијација на спорот од страна на германското претседателство и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, за да се постигне компромис кој ќе овозможи до крајот на оваа година да се одржи првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија и со тоа да се отворат првите преговарачки поглавја.

Oд сите средби на земјите членки произлегува дека сите земји членки се за остварување на оваа цел.

Одредени држави кои се понаклонети кон брз процес на проширување и поголема флексибилност во процедурата исто така изразуваат резерви во однос на крајните заклучоци, но според повеќето дипломати со кои разговараше МИА, ќе биде тешко да се убедат земјите кои се повоздржани во однос на проширувањето.

Министерскиот совет на кој треба да се усвои преговарачката рамка денеска беше одложен за една недела и ќе се одржи на 17 наместо на 10 ноември, што им остава десет дена на Скопје, Софија и нивните медијатори да ги приближат позициите и да постигнат заеднички прифатлив договор, со што би се отстраниле бугарските резерви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Ја имаме првата блокада од Бугарија, прекршен е членот 2 од Договорот за добрососедство

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада Урошевиќ: Во време кога сите сакаат да напишат современ, јас напишав старовремски роман

Редакција

Почетокот на ноември го враќа летото во Македонија: Температури до 30 степени

Редакција

Голем раст: 313 лица до 19 години во Македонија се заразени со корона вирусот

Редакција