еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарската потпретседателка денеска во Битола, на денот на ослободувањето на градот од германско-бугарската фашистичка окупација

На територија на СВР Битола денеска и утре ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради денешната посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова и утрешната посета на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски по повод одбележувањето на годишнината од постоењето на РЕК „Битола“.

– Од тие причини, СВР Битола на територија на Битола и околината на 04.11 и 05.11 ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што до сите граѓани учесници во сообраќајот апелираме да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, се наведува во соопштението од СВР Битола.

Јотова доаѓа во Битола, во приватна посета, на денот кога градот го обележува денот на ослободувањето од германско-бугарската фашистичка окупација.

Јотова беше во Битола и на отварањето на бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, кој носи име на соработник на фашистите и порача дека немало Македонци во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР „загрижено“, оти Македонија донесе закон со кој забранува здруженија да користат имиња поврзани со фашизмот

Македонците од Бугарија со порака до Јотова: Денеска требаше да дојдете во Мелник, за да не видиш

Фото: Јотова/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжителна вакцинација за државните службеници во Канада

Редакција

(ВИДЕО) На аеродромот во Скопје пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

Редакција

(Видео) Едно лице загина, друго исчезна во силно невреме на Крит, автомобили завршија во морето

Редакција