еМагазин
Image default
Македонија

Бугарскиот амбасадор Ангелов: Бугарија не може да ги промени своите позиции за преговарачката рамка

Бугарија не може да ги промени своите позиции затоа што има декларација на Парламентот и одлука на Влада. Тоа што се говори внатре во ЕУ е проблем на Унијата и тоа е проблем на Брисел, а не наш проблем тука.

Ова го изјави бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање  по работниот појадок во МНР организиран во рамки на македонско – бугарското претседавање со Берлинскиот процес за тоа дали Софија ќе ги промени позициите по однос на преговарачката рамка за С. Македонија содржани во објаснувачкиот меморандум во кој се оспоруваат меѓу другото македонскиот јазик и нација, а која денеска е на дневен ред на КОРЕПЕР – Комиетот на постојани претставници во Брисел.

Запарашан дали е извесно бугарско вето за првата меѓувладина конференција до крајот на годинава доколку историчарите на двете земји во Мешовитата комисија не успеат да постигнат договор по отворените прашања, бугарскиот амбасадор го избегна прашањето посочувајќи дека денешната средба е фокусирана на Берлинскиот процес.

-Ние сега сме фокусирани да го завршиме Берлинскиот процес и да и покажеме на цела Европа дека можеме заеднички да завршиме нешто успешно, вели бугарскиот амбасадор.

За тоа каде гледа Бугарија територијални претензии во Преспанскиот договор од македонска страна со примената на краткото име на државата, амбасадорот Ангелов повторно избегна да одговори посочувајќи дека денешната средба е во контекст на Берлинскиот процес кој, вели, е многу значаен и треба да помогне за изградбата на довербата меѓу нашите две држави.

-Имаме големи очекувања дека Берлинскиот процес ќе донесе приближување помеѓу администрациите на двете држави затоа што како копретседавачи очекуваме резултати од средбите на министрите за внатрешни работи преку министрите за социјална заштита, министрите за здравство и министрите за надворешни работи.

Двете администрации требаше да работат заедно. Дојде ковидот и тоа ги помати плановите, но и покрај тоа сметам дека на крајот ние ќе успееме да постигнеме некакви резултати кои ќе бидат видливи и ќе  придонесат за регионот и за неговото приближување кон ЕУ, рече Ангелов.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 прекршувања на полицискиот час, 508 казни за неносење маска

Редакција

Американската ЦДЦ препорачува да се избегнува патување во Македонија и за граѓаните кои се вакцинирале против Ковид-19

Редакција

Петто приведено лице за предизвикување пожар: Жител на Добридол се сомничи дека го предизвикал пожарот во селото

Редакција