еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Бугарскиот амбасадор Ангелов со сопругата донираа прехранбени пакети на дневниот центар „Доза среќа“

Бугарскиот амбасадор во Северна Македонија, Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана Ангелова донираа прехранбени пакети за триесет домаќинства, во рамки на дневниот центар „Доза среќа“ во Скопје.

Како што соопшти бугарската Амбасада, Центарот е специјализиран за работа со деца со Даунов синдром, а помошта е обезбедена со одлука на Советот на министри на Бугарија на иницијатива на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

-Хуманитарната помош, што ја обезбедуваме на дневниот центар „Доза среќа“ е за помош на семејствата и израз на солидарност во услови на криза, предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Досега доставивме донации на 250 семејства со деца со посебни потреби од Република Северна Македонија, а тоа се над 2.000 килограми прехранбени производи и производи за дезинфекција, рече амбасадорот Ангелов.

Неговата сопруга истакна дека во Амбасадата пред неколку дена примиле писмо од дневниот центар „Доза среќа“, и им причинува задоволство што можат на некој начин да подарат среќа на децата со Даунов синдром кои се во овој дневен центар.

Амбасадата во соопштението додава дека ова е уште еден знак на солидарност кон овој Центар, откако во 2019 ги донирале средствата на „Доза среќа“ собрани за време на хуманитарниот фолклорен концерт на ансамблот „Пирин“ и ансамблот „Танец“ во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утврден Предлог законот за ратификација на спогодбата со Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро

Редакција

Заев, Вучиќ и Рама денеска на Економски форум во Скопје: Дебати и договори за поврзан Балкан

Редакција

Ковачевски со Мицотакис договорил непречено снабдување со лигнит, јаглен и мазут преку Грција

Редакција