еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот министер за внатрешни Демерџиев доаѓа во Скопје за роденденот на Делчев

Бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев утре во Скопје ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Како што јави БТА, Демерџиев, кој ќе биде придружуван од неговиот заменик Венцислав Катинов, ќе му оддаде почит на Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање.

Според најавите, почит пред гробот на Гоце Делчев со положување цвеќе ќе оддадат и претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана, Славјанка Петровска, за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, делегација на Собранието, предводена од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, придружуван од пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Љупчо Пренџов, како и делегации на институции, партии и граѓански здруженија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во црквата Свети Спас утре за роденденот на Делчев пристап ќе имаат само најавени делегации

Гоце Делчев сигурно се превртува во гробот од тоа што му се подготвува за роденденот

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во рамки на Отворен Балкан нема да има забрана за промет на брашно, шеќер, масло и основни прехранбени производи

Редакција

Турска компанија го доби тендерот на Железницата за набавка на дрезини вреден два милиони евра

Редакција

Бонева ослободена за „Друмарина“, случајот за патните трошоци

Редакција