еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот парламент усвои резолуција за Македонија во која се осудува насилството врз македонските Бугари

Народното собрание на Бугарија денеска без дискусија усвои декларација во која „се осудуваат антибугарските пројави во Македонија“.

Декларацијата беше поддржана од 185 пратеници, а еден беше воздржан, пренесува БТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во новата декларација на Бугарија за Македонија

До парламентот беа доставени четири нацрт-декларации, од ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промените“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“, врз основа на кои е изготвен и изгласан заеднички нацрт предложен од Комисијата за надворешна политика.

Бугарскиот парламент во усвоената декларација ги осудува „пројавите и повиците за насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкиот престап врз Бугаринот, Христијан Пендиков“ и бара да бидат преземени системски мерки од сите институции за откривањена сторителите и нивно изведување пред правдата.

Народното собрание исто така, изразува и „противење на трајното неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година“.

Во декларацијата се изразува и загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Новата декларација од Бугарија е доказ дека бугарските барања немаат крај

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Бучковски во Софија однел нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија и дека нема да се меша во прашањето за малцинствата

Редакција

Монструозен случај во Скопје: Татко повеќепати ја силувал 13-годишната ќерка

Редакција

Оштетени две возила на лица од Основното јавно обвинителство и СВР- Штип

Редакција