еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

ЦЕФТА регионот ќе стане еден пазар

Лидерите на Западен Балкан денеска, на состанокот во рамки на Берлинскиот процес, се согласија да ја зајакнат економската соработка во регионот преку развој на Заеднички регионален пазар, заснован на правилата и стандардите на ЕУ, за да се зголеми привлечноста и конкурентноста на регионот и да се приближи регионот до ЕУ.

Тие го поддржаа Акцискиот план за воспоставување Заеднички регионален пазар.

Акцискиот план, ги утврдува чекорите кон воспоставување на Заеднички регионален пазар (ЗРП) со Регионална трговска зона заснована на четирите слободи и проширена со дигитални, инвестициски и иновативни и индустриски области.

Со население од скоро 18 милиони луѓе, регионот на Западен Балкан е важен пазар за балканските компании и „отскочна даска“ кон ЕУ и глобалните пазари. Ова е причината зошто регионалната економска интеграција може да генерира дополнителни до 6,7% раст на БДП во регионот.

ЦЕФТА ќе преземе активна улога во спроведувањето на клучните активности од планот. Во следните четири години, ЦЕФТА ќе се фокусира на конкретни резултати во корист на нашите компании и граѓани.

Воспоставувањето на Регионална трговска зона заснована на слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе ќе овозможи намалување на времето на чекање на граничните премини за 30 отсто со спроведување пакет мерки што вклучуваат проширување на Зелените коридори и поедноставување на процедурите поддржани од Систематска Електронска Размена на Податоци SEED +, намалување трошоци и бирократијапреку програми за заемно признавање, олеснување на е-трговијата преку обезбедување пристап до сите пазари во регионот, како и овозможување брзо приклучување кон единствениот пазар на ЕУ.

-Интегрираниот пазар од 18 милиони луѓе е поконкурентен на европската и глобалната сцена и попривлечен за странските инвеститори.

Понатаму, воспоставувањето на Заеднички регионален пазар ќе му помогне на регионот во процесот на усвојување на стандардите на ЕУ и приближување кон единствениот пазар на ЕУ, рече директорот на ЦЕФТА Секретаријатот, Емир Ѓикиќ.

ЦЕФТА ќе биде клучна за спроведување на најважните активности во Регионалната трговска област, но исто така и во другите области на планот, заедно со Советот за регионална соработка, Транспортната заедница, Форумот за инвестиции во Комората на WB6 и други партнери.

„Ние сакаме да ја промовираме е-трговијата и трговијата „без хартија “, но исто така веруваме дека Заедничкиот регионален пазар ќе обезбеди развој на регионалната агро-прехранбена индустрија, ќе привлече глобални инвеститори и ќе создаде нови работни места, како и ќе ги зголеми изборот и понудата на добра и услуги по пониски цени“, истакна Ѓикиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три бугарски телевизии добија дозвола да се емитуваат во Македонија

Редакција

Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзуваат со редовна бродска линија

Редакција

(Галерија) Изложба на фотографии од македонски џез-музичари Џезтетика во Домот на младите во Белград

Редакција