еМагазин
Image default
Бизнис

Цената на бензините се намалува за 2 денари, а на дизелот за 1,5 денари

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара, а на дизелот и екстра лесното за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари, дизелот ќе се продава по 54,50 денари, додека литар Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 43,50 денари.

За 1,495 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе се продава за 28,8 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 6,30 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за околу 3,24 отсто, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 3,55 отсто мазутот е намален во просек за околу 4,23 отсто.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за два отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје бара агенција за привремени вработувања

Редакција

Министерството за здравство вработува четири државни службеници, плата до 35.496 денари

Редакција

Лицата со повисоки приходи ќе плаќаат придонес за задолжително здравствено осигурување на пониска основица

Редакција