еМагазин
Image default
Македонија

Чантата „Луј Витон” е кај родителите на Боки 13 или е вратена кај Камчев?

Фотографија од чантата „Луј Витон”, од предметот „Рекет”, во домот на родителите на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Кривичниот суд Скопје, предизвика големи реакција од страна на одбраната на овој обвинет кој сметат дека јавниот обвинител, во завршни зборови пробува на мала врата да доставува доказ.

Бранителот на Боки 13, адвокат Сашо Дуковски, пред новинарите по завршување на денешното рочиште за „Рекет”, рече дека е незаконски да се вадат само извадоци од 21 февруари, а не од 22 февруари, кога обвинетиот Бојан тврди дека е вратена чантата Луј Витон во куќата на сведокот Јордан Камчев.

Оваа реакција ја прифати и Судот, односно обвинителката Вилма Рускоска, истакна дека овој материјал не треба да се земе како доказ.

Целта на прикажување на овој доказ според обвинителката Рускоска, е да се докаже дека не е точно тврдењето на обвинетиот Бојан Јовановски, дека со веќе осудениот Зоран Милески, на 21 или 22 февруари 2019, торбата Луј Витон ја враќа во куќата на сведокот Јордан Камчев.

– Тие заедно доаѓаат во куќата на Јордан Камчев, и сега осудениот Зоран Милевски, носи црна чанта, со големи рачки, која и по изглед и поголемина многу се разликува од торбата Луј Витон.

По повторно прегледување на сите снимики на 22 и 23 февруари ниту Зоран Милески, ниту Бојан Јовановски одат во домот на Јордан Камчев. Оваа е сигурно. Не може одбраната да негира нешто што е извештачено. До фотографијата имаше вештачење од точна локација каде е направена фотографијата, изјави Рускоска.

Од друга страна адвокатот Дељо Кадиев, кој ја брани обвинетата Катица Јанева, нагласи дека нема ниту еден доказ со што се потврдува било што во обвинението.

– Не браниме ништо што не е одбранливо. Нема ниту еден доказ со што се потврдува било што во обвинението, истакна Кадиев.

Тој посочи дека многу повеќе ќе образложат при изнесувањето на завршните зборови.

– Гледаме дека тука обвинителката најмногу се задржа на незаконски објавените снимки. Реагиравме затоа што по завршување на доказна постапка се обиде уште некои докази да протне и тоа селективно.

Еве слушнавте Бојан реагираше – јас не го барав на 21, дајте го од 22 февруари, веројатно нешто има таму што тоа го барам, не знаеме зошто обвинителот не беше транспарентен, рече Кадиев.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска во завршните зборови за “Рекет“: Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 913 случаи на Ковид-19 од 2.713 тестирања, најмногу во Скопје 459

Редакција

Ројтерс:  Датум за преговори со Македонија, но не за Албанија

Редакција

СДСМ ги оцени изборите како слободни и демократски

Редакција