еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Чепреганов: Живееме во општество каде обичниот човек е изманипулиран и владее агресија

Во Македонија царуваат агресијата, насилството, омразата, злобата, зависта, љубомората и паранојата. Тоа го прават партиите. Обичниот човек треба сам да расудува кој го лаже и го манипулира.

Ова го тврди професорот Методиј Чепреганов, признат невропсихијатар и епилептолог кој во прилепската градска библиотека „Борка Талески“ пред прилепчани одржа предавање, и воедно ја претстави книгата: „Агресија – моќта на човечкиот деструктивен нагон“ која е во коавторство со Теодора Костовска.

Според професор Чепреганов, агресијата е цивилизациски, уште повеќе, денешен проблем кој нѐ опркужува сите нас.

-Во нашето секојдневие, на секого од нас, дома, на работа, на улица и каде и да е, најголемиот проблем му е екологијата на духот, односно интерперсоналните односи: како ние зборуваме, како се однесуваме, колку се почитуваме, колку знаеме да разговараме, колку знаеме да бидеме флексибилни, толерантни. Тоа се особини на однесувањето на луѓето. Ако во еден интерперсонален контакт постои личност спроти вас која има хипертрофија на егото, односно, суета и инает, вие тешко ќе може да разговарате со него.

Целта на ова предавање или претставување на книгата „Агресија – моќта на човечкиот деструктивен нагон“  е да им покажеме на нашите сограѓани како треба да комуницираат. Основниот проблем е во во зреењето на една личност. Ако една личност не е созреана и во себе нема воспитување, знаење, едукација, инкорпорација на социјални, морални, на етички и на духовни норми и носи психопатски особини, со таа личност тешко може да се разговара, објаснува професор Методиј Чепреганов.

Чепреганов вели дека во денешно време на стресно живеење, повеќе од кога и да е, сме соочени со агресивноста. Тоа го имаме на секој чекор, а посебно, во Македонија е многу изразено зашто народот е разединет, расцепкан и изманипулиран.

-За жал, во овие 27 години во Македонија се труе народот. Народот е расцепен, раздвоен, раслоен помеѓу едни кои биле „леви“ и други кои биле „десни“. Македонскиот народ треба да сфати дека умот царува, а не партиите и силата кои, пак, го трујат народот. Обичниот човек треба сам да расудува кој го лаже и го манипулира. Нашиот народ, за жал,  е манипулиран по секоја основа, рече Чепреганов.

Решението е во воспитувањето и образованието уште од мали нозе.

-Решението е уште од детска градинка, од првиот здив на мајката, да се добие воспитување, од училиштето да се добие образование и друштво во кое социјалните и економските, етичките и моралните норми ќе ги всадиме во нашите деца за да знаат како да се однесуваат помеѓу себе, а не да ги труеме, објаснува Чепреганов.

Според Светлана Петковска, претседателка на организацијата на жени од Битола, како организатор на предавањето, имаме потреба да се подобриме најитно што може.

-Мислам дека треба да се каже, не која е целта на предавањето, туку која е потребата. Во 21-иот век, кога живееме во страшно стресни времиња, нужно е она што рпофесорот Чепреганов го тврди да го спроведеме во дело. Во нашата фамилија, во нашата улица, во нашиот град, за на крај нашето општество да биде онакво какво што го посакуваме, вели Петковска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров: Објективна е итната потреба да се скрати периодот на изолација на позитивни пациенти, но во тој случај е неопходен барем брз антигенски тест

Редакција

Пробиотикот и што треба да знаете за него

Редакција

Никој од повредените во несреќата на македонскиот автобус во Италија не е во животна опасност

Редакција