еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Четири години бил во кома денес е матурант: Јован е чудо од дете

Јован Колоски е момче од Македонија но живее во Словенија. Годинава е матурант и може слободно да се нарече чудо на медицината.

Колоски четири години бил во кома, поради автоимуно заболување кое го напаѓа мозокот

„Детето првично беше на Клиниката за детски болести околу еден месец и за една недела падна во прогресивна кома. Првичната дијагноза беше дека има вирусно зафаќање на мозокот, односно летален исход и смрт. Јас го однесов во Словенија преку Марко Покрин кој е мој пријател. Таму беше четири години во кома, и еве го сега матурант“, вели педијатарот Аспазија Софијанова за „еМагазин“.

Кога го однеле во Словенија младите лекари од Клиниката за педијатрија под водство на Анита Огулина не можеле да прифатат дека на детето не може да му се помогне. Тие ја контактирале Клиника за педијатрија во Канада која тестирала некои нови лекови за автоимун енсефалитис.

Полека по пополека тој почнал да седи, да оди, а терапијата траела неколку години. Почнал полека да зборува и да оди.

Благодарејќи на неколку луѓе кои поттикнале хуманитарната акција за собирање средства за лекување на Јован како во Словенија така и во Канада, тој е она што е денес.

Исто така, благодарејќи на случајот со Јован и девојче од Словенија било спасено, бидејќи лекарите можеле да превенираат некои од состојбите, кои веќе им биле познати од Јован.

Јован освен во Македонија, се смета за чудо на медицината и во Словенија.

Фото: Фејсбук-профил на Мирјана Колоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска дождливо време, на планините зголемување на снежната покривка

Редакција

Зијадин Села примен на Клиниката за кардиологија поради болки во градите

Редакција

Деца под една година доминираат меѓу заболените со голема кашлица, пет од новите случаи се хоспитализирани

Редакција