еМагазин
Image default
Локално

Четири лица позитивни на Ковид-19 од гостиварско излегле од изолацијата и отпатувале во странство

Полицијата ќе поднесе соодветни пријави на четири лица од гостиварско кои ја напуштиле државата, а имале решенија за самозилоација заради позитивни резултати на ковид тест.

Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден (10.08.2021), при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата.

Во контролите утвдено е дека Х.С (32) од гостиварското село Корито, кој имал позитивен тест на Ковид-19, не бил дома и ја напуштил државата. Полициските служебеници утврдиле уште дека В.Ш.(52) од истото село, позитивна на Ковид-19, ја напуштила државата и А.Ш.(22) позитивен на Ковид-19, ја напуштил државата.

Од СВР Тетово најавуваат дека по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува и кафе за носење

Редакција

Во пожар во гаражата на Основниот суд во Струмица изгоре новиот автомобил на судот

Редакција

Семејна драма во Скопје: Роднини се тепале на кејот на Вардар

Редакција