еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четири затворски и една условна казна за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани

Вкупна затворска казна во времетраење од шест години и десет месеци одреди Судот на тројца и условна казна од шесет месеци на четвртиот вработен во МВР за злоупотреба на службената положба, за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани.

Судот му одреди казна затвор од две години и три месеци за поттикнување на петтообвинетиот, кој призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Судијката Оља Ристевска, пред изрекување на казните посочи дека станува збор за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години.

– Вработените во својство на службени лица во МВР треба да влеваат доверба на граѓаните, што дополнително ги прави отежнети околностите. Со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, нарушен е интегритетот и безбедност на државата, изјави Ристевска.

Судот ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои претходно признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка  условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години.

Судот на Раиф Мифтари, му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување.

Сите петмина претходно пред судот признаа вина. Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Обвинителката Спасенка Андонова, во завршен збор од Судот побара обвинетите да ги прогласи за виновни и притоа да ги земе во предвид сите олеснителни, како и отежнителните околности.

Во случајот „Двојник“ обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување.

Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за случајот „Двојник“: Петмина од обвинетите за лажните пасоши признаа вина

Спасовски: Истрагата за „Двојник“ ќе се прошири

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев и Ципрас му ја дадоа првата награда за мир “Преспа“ на Нимиц

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 500 загинати во напад на болница во Газа

Редакција

Нови 25 илјади граѓани во Македонија втурнати во сиромаштија за време на Ковид кризата

Редакција