еМагазин
Image default
Македонија

Член на семејството на војводата самиот одлучил да ја промени надгробната плоча за која реагираше бугарското МНР

Член на семејството на војводата Велко Скочивирчето самиот одлучил да ја промени надгробна плоча, за која реагираше бугарското Министерство за надворешни работи, информираат од македонското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестна нота од бугарското МНР за оштетен споменик во прилепско

“Во врска со случајот на замената на постојна надгробна плоча посветена на војводата Велко Скочивирчето и осум негови соборци од 1904, која се наоѓа во делот на гробните места во атарот на црквата Архангел Михаил, во селото Клепач, Прилеп, со нова надгробна плоча, која има различна содржина на натписот и бугарскиот е заменет со македонски јазик, Министерството за надворешни работи информира дека по спроведената истрага и соодветна постапка од Управата за заштита на културното наследство и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како и соодветен ангажман на Основното јавно обвинителство, констатирано е дека надгробната плоча не потпоѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.

Имено, член на семејството на војводата Велко Скочивирчето, во договор со црквениот одбор на црквата Архангел Михаил, на своја иницијатива и ангажман ја извршил замената на надгробната плоча, при што самоволно одлучил да ја смени содржината и јазикот.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија упатува апел на ваквите лични и приватни акти да не им се стават политички и идеолошки насоки, кои, пак, потоа ги оптоваруваат напорите на двете држави за унапредување на меѓусебните односи, ја нарушуваат меѓусебната доверба и го отежнуваат напредокот на добрососедските односи.

За процесот на изнаоѓање заедничко решение во насока на деблокирање на процесот на интеграцијата во Европската унија, двете страни искажуваат јасна волја и решителност за соработка, и ваквите лични и поединечни случаи не треба да ги загрозат овие напори“, велат од македонското МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отфрлена пријавата од Ременски за злоупотреба на службата и несовесно работење во МВР

Редакција

(Фото) Кои се другите лица од групата од Грчец по кои е распишана меѓународна потерница

Редакција

Одложено судењето за „Титаник 2“, обвинетиот Бедредин Ибраими сметал дека расправата била закажана за 8 февруари

Редакција