еМагазин
Македонија

Членовите на ДИК нема да земат дополнителни бонуси за локалните избори

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) нема да земат дополнителни надоместоци за локалните избори.

На денешната седница тие изгласаа измена и дополнување на Правилникот за надоместоци на изборните органи за локалните избори и, како што појасни членот на ДИК, Борис Кондарко, се работи за прецизирање и дополнување на Правилникот.

-Членовите на ДИК освен нашите редовни плати нема да земат никави бонуси, иако имаме право на тоа, рече Кондарко.

Надоместоците за други лица вработени во ДИК, лица дополнително ангажирани, членовите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборните одбори (ИО) остануваат, а се додаваат и членовите на Избирачката комисија на Град Скопје.

Се зголемува за 25 отсто надоместокот за ОИК и ИО во општините каде што имаше втор круг гласање за градоначалник, како и за 20 отсто за избирачките органи во општините каде што имаше гласање на болни и изнемоштени лица.

Дополнителни надоместоци ќе има и за вработените во ДИК во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, како и за вработените во МВР кои го обезбедуваа доверливиот гласачки материјал и терминалите за отпечатоци од прсти.

Исто така ќе има и корекции на критериумите за вработените во стручната служба на ДИК кои извршувале задачи надвор од описот на нивното работно место според систематизацијата на ДИК, како и за сертифицираните едукатори.

ДИК денеска ги потврди и конечните резултати од вториот круг на локалните избори за градоначалник на Дебар што се одржа на 14 ноември. Победи кандидатот за градоначалник на ДУИ, Хекуран Дука.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ја запре постапката за набавката на службено возило на поранешниот претседател на Врховен, Вангеловски

Редакција

Во Богданци нови два случаи на Ковид-19

Редакција

Суад Зејнел и Башким Османи именувани за нови директори на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и ТБЦ и на Клиниката за ревматологија

Редакција