еМагазин
Image default
Балкан

Да имав моќ би го разрешила од претседателската функцијата, вели сопругата на албанскиот претседател Мета

Претседателката на третата по голема албанска политичка партија, Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Круемади изјави дека доколку би имала 92 пратеника ќе го разреши Илир Мета од фунцијата претседател на државата.

Според неа, Мета, кој е нејзин сопруг, е виновен за состојбата низ која минува државата.

– Да имав 92 пратеника ќе го разрешев претседателот со мотивација дека му дава моќ на лидерот на криминалот Еди Рама, изјави Круемади гостувајќи во емисијата „Опен“ на тиранската телевизија Топ чанел.

Круемади, која Мета го наследи на лидерската функција во партијата, по неговиот избор за претседател одби да се откаже од политиката и да биде прва дама на Албанија. Таа функција ја „презеде“ нивната повозрасна ќерка Бора (20).

Неодамна на средба со известувачите на мониторинг заедницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Андреј Хунко и Џозеф О`Рајли таа изјави дека состојбата со криминалот во земјата е алармантна, додавајќи додала дека Албанија во моментов „се наоѓа на најопасниот крстопат до сега“.

Поради одлучноста и храброста што ја поседува уште од студентските денови, 44-годишната Моника, ја нарекуваат и железната дама, а позната е и инцидентот во собраниската сала, кога со нејзините чизми го гаѓаше премиерот Еди Рама.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не се укинуваат тестовите за Ковид-19 за македонските граѓани при влез во Косово

Редакција

Курти тврди дека напаѓачите се опколени, ги повика да се предадат

Редакција

(Видео) Ердоган останува претседател на Турција

Редакција