По информацијата дека кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е позитивен на корона вирусот, најверојатно министрите за здравство Венко Филипче и за образование Арбер Адеми, премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи ќе бидат во домашна самоизолација.
За ова, се уште нема официјална потврда.
Тие вчера беа во посета на Куманово и остварија средба со епидемиолозите и директорката на Општата болница во Куманово, Снежана Захариева. Тие имале средба и со Максимовски во рамки на работата на Општинскиот кризен штаб на Куманово.
Филипче, Спасовски и Османи денеска не се појавиле ниту на Седницата на Советот на безбедност која се одржува кај претседателот Стево Пендаровски, на која ќе се разговара за продолжување на вонредната состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Од денеска ќе бидам во домашна изолација
Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот
Фото: Влада