еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Дамјан Манчевски повторно оди во самоизолација, возачот и неговиот заменик позитивни на корона вирусот

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски информираше дека оди во самоизолација, бидејќи неговиот возач и заменик се позитивни на корона вирусот.

„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.

Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Ковид 19.

Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави,“ објави Манчевски на неговиот фејсбук-профил.

Ова е втор пат Манчевски да оди во самоизолација.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го чествува големиот македонски празник Илинден

Редакција

Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски избрани за членови на НО на Стопанска банка Битола

Редакција

„Отиде“ Македонија додека банките најдат „алтернативен“ начин за исплата на пензиите во готово

Редакција