Д-р Бесник Зекири, директор на Институтот за белодробни заболувања во Козле, каде што од почетокот на пандемијата болнички се лекуваа децата и нивните родители, најголем дел од нив по прележувањето на коронавирусот имаат респираторни проблеми.
Зекири за весникот Вечер укажува дека делта варијантата на ковидот најмногу оставила последици и кај децата и кај возрасните.
Тој посочува дека помалите деца побргу закрепнуваат за разлика од децата од 12 до 18 години кои се поосетливи, особено ако им се случила трагедија во семејството и заради ковидот имале смртен случај.
Вели дека дел од децата во Македонија кои се заразија со вирусот имаат подолго време продолжен ковид-синдром. Некои родители се жалат дека по прележувањето на болеста децата им се расеани, ја губат концентрацијата во училиште и подолго време им треба да ги научат лекциите.
Лекарите велат дека нема универзален клинички случај кај децата, бидејќи има разни последици, а некои чувствуваат и замор и главоболки.
-Во принцип кај возрасната популација по прележување на вирусот има синдроми кои ги зафаќа срцето, бубрезите и другите системи како што е нервниот систем.
Но, децата долго време имаат проблеми со дишните патишта, најмногу до една година. Секое дете што било позитивно и кога си заминало од Козле, во домашно услови, се прават редовни контроли до една година. Контролите најчесто почнуваат по една недела, по две недели, на месец дена, па на три месеци, шест месеци и година, објаснува Зекири.
Фото: МЗ