еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари, ги повикуваме останатите да го следат примерот, вели Бектеши

Jа поддржуваме одлуката на дел од ланците маркети во земјава да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Бектеши ги повика останатите трговци да ја следат ваквата одлука и да бидат, како што наведува, солидарни во време на глобална криза.

-Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија да не ја покачуваат цената на лебот и таа останува 25 – 27 денари. Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови. А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата, истакнува Бектеши.

Претходно, ланецот супермаркети „Кипер“ објави дека цената на лебот ќе ја задржи на 25 до 27 денари. Во објавата на „Кипер“ стои дека цената на лебот ќе остане непроменета подолг период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катастарските услуги ќе поевтинат до шест пати

Редакција

Инфлацијата лани 14,2%

Редакција

Просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари

Редакција