еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дел се подметнати: За пожарите досега приведени 17 лица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил напиша дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност.

– Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Се уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци, напиша Спасовски.

Постапката, како што се наведува, се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви казни предвидува Кривичен законик за подметнување пожари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со претходни заболувања тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, велат од СДСМ

Редакција

Роднина на еден од обвинетите за насилството во Собрание беше отстранета од судница оти носела солзавец

Редакција